Лоциран во подножјето на Пирин планина хотелот “Maraya” – Банско е неповторливо место запрестој и одмор, кое што на секој посетител ќе му овозможи спокојство, слобода и хармонија. На гостите кои престојуваат во хотелот ќе им бидат овозможени одлични услови за одмор. Хотелот располага со 34 соби, 17 апармани и 5 delux соби, сите опремени со модерен и атрактивен ентериер.
На располагање има и ресторан, лоби бар, парна бања, базен, интернет, транспорт до ски лифтот, а покрај тоа и перфектна услуга. Хотелот се наоѓа на 10 мин. од гондолата на ски лифтот, со која што се искачувате на 2.600 м надморска височина до највисоките покриени со снег писти, совршени за сноубординг и скијање.
Удобната сауна, парна бања и базен, како и авантуристички мигови по ски-патеките на Банско, благопријатни за добро психичко и физичко здравје. За бизнис средбите на клиентите им стои на располагање конференциска сала, како и сеф зачување на важни документи и лични акцесори.
Оние кои ја ценат добрата кујна ќе откријат вкусно и богато мени приготвено од професионалниоткулинарски тим на ресторанот, вистински кулинарски специјалитети и слатки искушенија. Хотел “Маrаya” ви нуди одлични можности за комплетен одмор. Повелете и уживајте во убавините на Банско!