1. ДОГОВОР ПОМЕЃУ КОРИСНИКОТ и ДПТУП,,БИСЕР ПРОМ,, ДОО СКОПЈЕ
Со користење на оваа веб страна, односно услугите кои се наведени, Вие ги прифаќате условите, информациите и известувањата кои се објавени. Доколку не се согласувате со условите не ги користете овие страници.
2. ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
ДПТУП,, БИСЕР ПРОМ,, ДОО СКОПЈЕ ја почитува Вашата приватност и работи според начелата наведени во нашата политика за приватност каде се третира начинот, намената и типот на личните податоци кои ги собираме. Наша цел е да Ви обезбедиме информации прилагодени на Вашите потреби како корисник и истовремено да ја заштитиме Вашата приватност согласно Законот за заштита на лични податоци и Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработка на личните податоци на Република Северна Македонија од страна на ДЗЛП.
Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката на приватност. Вашето користење и /или регистрација на кој било дел од веб страната значи дека ја прифаќате истата. Доколку не се согласувате со оваа политика на приватност, Ве молиме да не ja користите веб страната.
Доколку забележите дека Бисер Пром не постапува според овие начела или ако имате било каква друга забелешка на начинот на работење, известете не на info@biserprom.com.mk заради итна корекција на евентуалите пропусти односно решавање на проблемот во што покус рок.
Овие веб страници се наменети за корисниците за лична, некомерцијална употреба. Не е дозволено менување, копирање, дистрибуција, прикажување, објавување или на кој било друг начин пренесување и продавање на било која информација, услуга или производ кој е објавен на овие страници.
Содржините на овие веб страници се сопственост на Бисер Пром Скопје, освен дел од фотографиите кои се користат во комерцијални цели, а на барање на авторот или сопственикот ќе бидат повлечени од страниците, доколку не се постигне друг договор за користење на содржините.
Информациите на овие страници се сметаат за исправни во моментот на внесување, Се превземаат оперативни мерки сите податоци редовно да се прегледуваат, а евентуалните грешки ажурно да се одстрануваат. Бисер Пром го задржува правото да ги менува податоците на овие страници без посебно известување или најава.
Со користењето на овие web страници се обврзувате добиените информации да не ги користите за забранети нелегални цели и дејствија.
Овие страници можат да содржат “линкови” на страници на други фирми и лица. Тие линкови се само за Ваша информација, а Бисер Пром не носи одговорност за точноста на информациите и содржината на тие страници.
Бисер Пром го задржува правото да ги менува условите за користење на веб страната и другите услови на работење. Промените не се однесуваат на веќе извршените и наплатени резервации.
Веб страницата исклучиво има за цел да помогне на корисниците да се информираат за понудата на аранжмански услуги преку описите и фотографиите, да се информираат за слободните термини, и да извршат резервација или уплата на бараните услуги. Ве известуваме дека за реализација на трансакциите преку нашата страница морате да бидете полнолетни, и дека ја прифаќате финансиската одговорност за трансакциите кои ги вршите Вие лично или малолетните лица кои се под Ваш надзор, како и за вистинитоста и точноста на податоците кои ни ги давате за реализација на резервацијата или финансиската трансакција. Во случај на било каква злоупотреба на овие страници (внес на лажни резервации или слично) ќе Ви биде оневозможен пристап или ќе бидат превземени соодветни правни дејствија.
Бисер Пром ќе се труди да ја проверува и ажурира точноста на податоците на веб страната и константно да ја проширува својата понуда.