Програма на патувањето:

1 Ден 17.06.2021 – Состанок со групата во 22:30 на Дрводекор. Поаѓање за ОСТРОГ во 23:00 часот. Се патува преку Косово,Албанија и Црна Гора  со попатни застанувања заради одмор на групата.

2 Ден 18.06.2021 –  Пристигнување во Подгорица и посета на Делта Шопинг Центар. Потоа заминување за Острошки манастир сместен во високо карпестиот предел и во договорено време заминување за Будва. Сместување во хотел.Вечера. Ноќевање

3 Ден 19.06.2021 – Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности ( прошетка низ градот/посета на плажа). Вечера. Ноќевање.

4 Ден 20.06.2021 – Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Бар. Пауза од неколку часа и заминување за Скопје со попатни Паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Понудата е по лице за тридневен аранжман во Црна Гора

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок и вечера (шведска маса) во Хотел БИП – Будва
  • Посета на Будва, Острог, и Бар
  • Автобуски превоз на наведените релации

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Превозот од долниот до горниот манстир Острог(чини 1 евро по човек)
  • Се што е надвор од програмата

Напомена:

  • Важат општите услови на СКТМ и ТА Бисер Пром.
  • Доколку аранжманот не се искористи во резервираниот термин истиот ја губи важноста и средствата не може да бидат рефундирани.