Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог ( Свети Василије Острошки ), кој беше погребан овде. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50 км од Подгорица и 15 км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за поклонение во Црна Гора.
Будва е приморски град во Црна Гора.Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е.
Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички одредишта во Средоземно Море,
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ)
Поаѓање во 01:00 часот на Дрво Декор
– Поаѓање во 23:00 часот на Дрво Декор. Возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи. Пристигнување на Острог во раните утрински часови. Сместен во карпа, издигнат над шума, на 900 метри надморска височина е домот на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетители од сите религии и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог се упатуваме кон Будва.Сместување во апартманите Слободно време за одмор. Ноќевање.
Денот го започнуваме со факултативен целодневен излет, прошетка и разглед на прекрасниот Дубровник, кој преставува еден од најубавите стари градови на Медитеранот. Со своите плоштади, катедрали, фонтани и музеи, ги руши сите временски бариери и ја чува својата автентичност од 15. и 16. век. Враќање кон Будва. За влез во Хрватска потребен е пасош. Ноќевање.
Напуштање на вилите и заминување за Бар. Пауза од 2 часа и заминување за Македонија со попатни паузи. Простигнување во Скопје во вечерните часови.