Златибор е планински регион сместен во западниот дел на Србија.
Меѓу најпопуларните места во Србија за туризам, главните атракции на Златибор вклучуваат здравствен туризам, скијање и пешачење и најдолгиот панорамски лифт со гондола во светот.Во околината се наоѓа ски-центарот Торник
Сирогојно етно-село, Музејот на отворено „Старо село“ е збирка на Златиборски куќи и придружни дрвени градби, собрани од сите страни на Златибор.
Познати се и плетачите на Сирогојна, чии волнени џемпери од овци се продаваат во Европа, а во нивна чест во 2008 година е отворен Музејот на плетачите.
Пештерата Стопица е една од најпознатите пештери во Србија. Се наоѓа помеѓу селата Трнава и Рожанство, на околу 250 километри од Белград, 30 километри од Ужице и 19 километри од регионалниот пат Ужице-Јадранско Море, во областа Златибор. Над пештерата поминува патот Ужице-Сирогојно.
Пештерата Стопица е речна пештера, бидејќи низ неа тече потокот Трнава. Пештерата има импресивен влезен отвор широк 35 метри и висок 18 метри.
Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)
Скопје- 01:00 Куманово – 01:30
Хотел Ирис е уникатен хотел на Златибор, изграден во модерен, планински стил.Хотелот се наоѓа во срцето на Златибор, веднаш до црквата, на само неколку минути пешачење од езерото и Кралскиот плоштад. Опкружен со борови шуми, зрачи со топлина и ви нуди незаборавни моменти на мир и тишина. Хотелот располага со 28 сместувачки единици, а вклучува и ресторан со уникатна летна бавча и фонтана во форма на поток, каде што можете да се опуштите и да уживате во Златиборските специјалитети. Хотелот има и велнес и СПА центар, теретана и конференциска сала.
Состанок со групата во 01.00 час, поаѓање од Скопје, 00.30 час. – Куманово.
Се патува преку граничен премин Табановце, со лична карта , со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Златибор во предпладневните часови. Сместување во хотелот,вечера,ноќевање.
Појадок. После појадокот факултативна посета на Сирогојно– посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет, после посетата на Сирогојно се упатуваме кон Стопиќа Пештера – една од најпознатите пештери во Србија, таа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влез на отворот кој е широк 35 метри и висок 18 метри. Во попладневните часови враќање во Златибор . Вечера. Ноќевање.
Појадок.По појадокот слободно време за индивидуална прошетка низ Прекрасниот Златибор или можност за возење со жичара,уживање во спа центарот на хотелот.Вечера.Ноќевање.
Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и во договорено време поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови