Полихроно е лоциран на првиот крак на полуостровот Халкидики, Касандра, 98км југоисточно од Солун, сместена во кристално чистиот залив Торонеос. Опкружен со медитеранска вегетација и долга песочна плитка плажа, што е особено погодно за деца. Денес во Полихроно живеат повеќе од 1000 жители, а најразвиена гранка е туризмот. Местото е сликовито, со поплочени улици, палми, лимонови и маслинови дрва, убави дворови и осветлено шеталиште покрај плажа. Има супермаркети, продавници со сувенири, ресторани, кафулиња, амбуланта, аптека. Има голема понуда на различни ресторани – традиционална грчка кујна, свежо уловени риби, гиро, суфлаки, како пици и друга брза храна.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ)
06:00 часот
Задолжително информирајте се за слободни места на 02/3228-603 или 078/421-295 пред да направите резервација.
Состанок со групата во 05:45 часот на Дрводекор. Во 06:00 часот поаѓање за Полихроно со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Полихроно. Сместување во вилите. Слободно време. Ноќевање
Слободно време за индивидуални активности, прошетка, плажа… Ноќевање
Слободно време за индивидуални активности, прошетка, плажа…. Ноќевање
Слободно време за индивидуални активности. Во 17:00 часот по локално време заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.