Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања.
Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)
Скопје- 07:00 Куманово – 07:30
Хотелот со најубав поглед
Хотел Зелени Град 4* е новоизграден објект во строгиот центар на Сокобања со дваесет сместувачки единици од структура 1/2, 1/3 и 1/4, пансион со капацитет од 120 лица, лоби бар и конгресна сала со капацитет од 80 лица.
На врвот на зградата има прекрасна панорамска тераса со лежалки и седење. Тоа е идеално место да го започнете денот со вашето прво утринско кафе или да уживате во зајдисонцето со чаша од вашето омилено вино.
Натали Спа е идеално место за вашиот семеен одмор, кој располага со 14 луксузно опремени апартмани во објектот А и 4 апартмани во објектот Б. Објектот содржи модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан со појадок и a la carte оброци .
Поаѓање во 07.00 часот од Дрводекор. Патување кон Р. Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во комплекс Зелени Грaд 3*. Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило…). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Слободно попладне за одмор или релаксација во спа центарот на хотелот ( базен, сауна, џакузи, парна бања, солена соба) или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот Соко Терме располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃ . Ноќевање.
Појадок. По појадокот факултативна посета на прекрасниот манастир Џунис -Покров на Пресвета Богородица.Тој е женски манастир кој што се наоѓа на подрачјето на градот Крушевац. Според преданието, ова место го открила тринаесетгодишното девојче, Милојка Јоциќ од Џунис, таа го благословила изворот од кој течела водата и за кој прорекла дека ќе ги исцели болните. По посетата слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот, се напуштаат собите. Во договорено време поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.