Ханиоти — познато туристичко место на Касандра , лоцирано во источниот дел на првиот крак на Халкидики, Република Грција. Се наоѓа на 89 километри оддалеченост од Солун, 3 км од Пефкохори, 4 км од Полихроно. Едно е од најпосетуваните места за туристите кои летуваат во Грција.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ)
06:00 часот
16:00 часот по грчко време
Calypso е семеен хотел кој се наоѓа на само 300 метри од песочна плажа на Ханиоти во Халкидики. Хотелот располага со базен и ресторан во кој се служи медитеранска кујна.
Сите соби во Calypso Хотел се опремени со клима, сателитска ТВ и фрижидер. Секоја соба има балкон со поглед кон селото.
На барот покрај базенот гостите можат да уживаат во сендвичи и кафе во текот на денот. Во вечерните часови, главниот lounge бар служи пијалоци во пријатна атмосфера и релаксирачка музика.
Различни спортски терени се на само 3 минути пешачење. Центарот на Ханиоти е са само 100 метри од хотелот и има продавници и барови.
Состанок со групата во 05:45 часот на Дрводекор. Во 06:00 часот поаѓање за Ханиоти со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Ханиоти. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, прошетка, плажа…. Ноќевање
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Во 16:00 часот по локално време заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови