Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ) – Куманово – Макпетрол Бензиска
23:00 часот од Скопје
23:30 часот од Куманово
Поаѓање во 23:00 часот преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.
Пристигнување во манастир Тумане во утринските часови. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.
Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе присуствуваме и на Светата Литургија. Разгледување на манастирот и околината. Во договорено време поаѓање за Голубац. Пристигнување во хотел Голубачки град . Сместување во хотелот.По кратка пауза заминување за Сребрено језеро и индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот поаѓање за Белград.Во претпладневните часови пристигнување во Белград. Разглед на градот со локален водич(Калемегдан,Књаз Михајлова,црква Св. Сава…). По рагледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Белград. Во договорено време поаѓање за хотел Елеганс 3*. Сместување во хотел. Ноќевање.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаќање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.