Будва е приморски град во Црна Гора.Будва е град стар околу 2 500 години, што го прави еден од најстарите населени места на брегот на Јадранското Море.Има огромен број археолошки докази за тоа дека Будва е една од најстарите урбани населби на јадранското приморје, додека бројни пишани сведоштва кажуваат дека постои од V век п.н.е.
Дубровник — град во јужниот дел на Хрватска, кој излегува на Јадранско Море, во регионот на Далмација. Дубровник е една од најпознатите туристички одредишта во Средоземно Море,
Котор , е град во крајбрежниот регион на Црна Гора. Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив. Градот има население од 13.347 жители и е административен центар на општина Котор.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ)
Поаѓање во 23:00 часот на Дрво Декор на 29.12.2024 (недела)
– Поаѓање во 23:00 часот на Дрво Декор. Возење преку Косово и Албанија со кратки попатни паузи. Простигнување во Котор.Прошетка низ стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици, катердалата Св.Трифун, познатите цркви Св. Лука, Св. Ана, црквата на Пресвета Богородица, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот на УНЕСКО. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време заминување за Будва . Сместување во вила Љубановиќ-Будва. Ноќевање.
Во утринските часови заминување на целодневен излет, прошетка и разглед на прекрасниот Дубровник.можност за уживање на прекрасната филхармонија на плоштадот во Дубровник, дегустација на морска храна и вино. Вракање кон Будва. Вечерта предвидена новогодишна забава на плоштадот во Будва со познати музички звезди. Забава и дочек на новата 2025 година на плоштад (индивидуално) со познати музички имиња или дочек во некои од рестораните, ноќните клубови. Ноќевање.
Слободен ден за прошетка низ Будванската ривијера. Вечерта реприза на Новогодишната ноќ – Забава на плоштад (индивидуално) со познатите звезди… Ноќевање.
Напуштање на вилата и заминување за Бар. Пауза од 2 часа и заминување за Македонија со попатни паузи. Простигнување во Скопје во вечерните часови.