+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

Продолжен викенд во СОКО БАЊА-СРБИЈА (07.12-09.12.2024)

0
Продолжен викенд во Соко Бања
Од8.990 ден
Ова патување во моментов не е достапно.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

5216

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • 02/3228-603
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
2 ноќевања/ 3 дена
Достапност: 07.12-09.12.2024
Скопје
Соко Бања
Детали

Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања.

Локација на поаѓање и враќање

Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)

Време на поаѓање

Скопје- 07:00  Куманово – 07:30

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со доручек и вечера во х.Зелени Град 3* ( комплекс хотели Натали Спа) во Соко бања
  • автобуски превоз на релација Скопје-Соко бања и обратно
  • бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
  • организација на патувањето
  • бесплатно користење на спа центарот во хотелот(базен,сауна,џакузи,солена соба)

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка така 100 ден од ден по лице
  • влезници за локалитетите

ТЕРМИН:

  • 07.12-09.12.2024(Сабота-Понеделник) 2 ноќевања со појадок и вечера и вклучен превоз - 8990 ден
Хотел Натали Спа 3* - Соко Бања

Натали Спа е идеално место за вашиот семеен одмор, кој располага со 14 луксузно опремени апартмани во објектот А и 4 апартмани во објектот Б. Објектот содржи модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан со појадок и a la carte оброци .

Итенирер

Прв ден07.12.2024 - сабота

Поаѓање во 07.00 часот од Дрводекор. Патување кон  Р. Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел Зелени Грaд 3*. Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило…). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање. 

Втор ден08.12.2024 - недела

Појадок. Слободно попладне за одмор или релаксација во спа центарот на хотелот ( базен, сауна, џакузи, парна бања, солена соба) или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот Соко Терме располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃. Вечера. Ноќевање.

Трет ден09.12.2024 - понеделник

Појадок. По појадокот, се напуштаат собите. Во договорено време поаѓање за Скопје со попатни  паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Галерија