Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ) – Куманово – Макпетрол Бензиска
22:30 часот од Скопје
23:00 часот од Куманово
Пристигнување во вечерните часови
Поаѓање во 22:30 часот преку граничниот премин Табановце со попатни паузи.
Пристигнување во манастир Тумане во утринските часови. Пешачење до испосницата на Светиот Зосима, која се наоѓа на околу 1 км од манастирот, во старата и густа шума. Во карпата што доминира во целата област, има две пештери, поврзани со тесен премин. Во едната живеел, а во другата се молел преподобниот светител. Денес во молитвената ќелија на преподобниот направена е капела. Покрај пештерата има чудотворен извор, а зад него прекрасен шумски водопад.
Потоа се враќаме во манастирот, на поклонение на светите мошти, каде ќе присуствуваме и на Светата Литургија. Разгледување на манастирот и околината. Во договорено време поаѓање за Голубац. Пристигнување во хотел Голубачки град . Сместување во хотелот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот поаѓање за Ѓердапска клисура и целодневен излет. Посета на хидроцентралата со локален водич и организирано крстарење по Дунав (факултатива). Во попладневните часови враќање во хотелот. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање за Македонија со попатна посета на Ниш каде што има можност за ручек. ( факултативно) . Во договорено време, во пладневните часови поаѓање за Македонија, со попатни паузи. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.