Сараево— главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град.
Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.
Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна ( Врело Босне). Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ) – Куманово – Макпетрол Бензиска
22:00 часот од Скопје на 10.10.2024
22:30 часот од Куманово
Ноќните часови на 13.10.2024
Поаѓање за Сараево во 22:00 часот преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.
Во утринските часови пристигнување во Сараево. Не пречекува локален водич и одиме на разгледување на градот : Народниот театар, Градското Собрание, Башчаршија (со можност за дегустација на познатиот Сараевски кебап), Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенстевната Газихусербегова Џамија, Катедралата…Слободно време за кафе,ручек и други активности. Во договорено време заминување за хотел и сместување. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Организиран излет до Мостар со попатна посета на Мостот на Неретва – познат од Втората Светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Потоа заминување за водопади Кравице. Посета од неколку часа на водопадите.Во попладневните часови враќање во Сараево. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград.Крстарење со бродче по Дрина, како и кафе пауза. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Пристигнување во Скопје, во касните часови.