Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)
Скопје- 07:00 Куманово – 07:30
Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.
Поаѓање во 07.00 часот од Дрводекор. Патување кон Р. Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел Бањица 3*.Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило..). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃. Вечера. Ноќевање.
Појадок. По појадокот , се напуштаат собите,слободно време . Ручек и во во договорено време поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.