Сончев брег е создаден во 1958 година како викенд дестинација за бугарските семејства, кое стана најголемото туристичко место за одмор во земјата. Првичното мало одморалиште покрај плажа, прерасна во најголемото одморалиште на целиот брег на Црното Море кое на југ се споил со градот Несебар.
Скопје (Дрводекор) – Куманово (Макпетрол бензиска) – Крива Паланка (Макпетрол бензиска)
14:00ч по локално време
Хотел Верис*** е местото каде што ќе го поминете вашиот одмор покрај море во најпознатиот бугарски ресорт Sunny Beach, Бугарија. Во непосредна близина на плажата хотелот може да ви ги понуди сите удобства за едно незаборавно летно уживање.
Хотелот Верис со 3 * се наоѓа во централниот дел на Сончев Брег, оддалечен на само 400м од брегот на морето. Сместен е во близина на централниот пазар, автобуска станица, анимациски барови, ресторани и продавници.
Секоја од собите е опремена со ТВ, фен за коса, минибар, телефон и централна климатизација. На преубавите балкони ќе имате можност да уживате во вашето омилено кафе.