Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор каде што ќе добиете можност да посетите повеќе од 10 европски градови, да ја истражите нивната историја, култура и знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до шармантните канали на Венеција, ќе можете да уживате во најубавите и највозбудливите места во Европа.
Доколку сте прв пат во Шпанија и на оваа наша авантура тврдиме дека ќе имате незаборавни 2 недели. Првиот страв секогаш е долгото автобуско патување, но тука нашиот водич, искусните возачи,многуте попатни паузи, посетата на прекрасните попатни локации ќе Ве натераат патувањето да Ви биде задоволство.
Хотелот се наоѓа на само 100 метри од плажата Platja de l’Astillero и 2 километри од центарот на Малграт де Мар. Гостите можат да уживаат во отворен базен, детски базен, ресторан со шведска маса, бар, кафе-бар и ТВ сала. Сите соби се климатизирани и опремени со балкон, сателитска ТВ, телефон, сеф (дополнително наплаќање), работна маса и сопствена бања со туш или када, фен и бесплатни тоалетни потреби. Бесплатен Wi-Fi е достапен во сите јавни простори и во собите (со надоместок). Хотелот нуди и услуги како изнајмување на велосипеди, 24-часовна рецепција, менување на валута, туристички информации и аеродромски трансфери (дополнително наплаќање).
Земјата на Сангријата, Коридата, фудбалот, преубавата и егзотична Шпанија Ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да стекнете доживотни спомени. Придружете ни се за најдоброто лето во вашиот живот!
11.07.2025
Скопје во 14.00 ч.
Поаѓање од Скопје во 14.00 ч.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
Пристигнување во Малграт де Мар и сместување во хотел со 3*
Мирен град, со многу локални продавници за сувенири, шопинг, ресторани и преубави големи песочни плажи.
Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – Шведска маса.
Престој во Малграт де Мар – Hotel Cartago Nova 3*.
После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница со 2/3*
Посета на Пристаништето на Кан, Филсмкиот фестивал, посета на промеданата на Ница, патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот и целиот ноќен гламур на Монако и Монте Карло со луксузните казина, јахти, крузери и уникатни автомобили.
Ноќевање
Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови