078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

🌹 08 МАРТ ВО ЗЛАТИБОР-СРБИЈА🌹07.03-09.03.2025

0
08 МАРТ- Златибор 07.03-09.03.2025
Од8.690 ден
Ова патување во моментов не е достапно.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

29

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • +38978421295
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
Достапност: 2 ноќевања/ 3 дена
Скопје/Куманово
Златибор
Детали

Златибор  е планински регион сместен во западниот дел на Србија.

Меѓу најпопуларните места во Србија за туризам, главните атракции на Златибор вклучуваат здравствен туризам, скијање и пешачење и најдолгиот панорамски лифт со гондола во светот.Во околината се наоѓа ски-центарот Торник

 Сирогојно етно-село, Музејот на отворено „Старо село“ е збирка на Златиборски куќи и придружни дрвени градби, собрани од сите страни на Златибор.

Познати се и плетачите на Сирогојна, чии волнени џемпери од овци се продаваат во Европа, а во нивна чест во 2008 година е отворен Музејот на плетачите. 

Пештерата Стопица е една од најпознатите пештери во Србија. Се наоѓа помеѓу селата Трнава и Рожанство, на околу 250 километри од Белград, 30 километри од Ужице и 19 километри од регионалниот пат Ужице-Јадранско Море, во областа Златибор. Над пештерата поминува патот Ужице-Сирогојно.

Пештерата Стопица е речна пештера, бидејќи низ неа тече потокот Трнава. Пештерата има импресивен влезен отвор широк 35 метри и висок 18 метри. 

Локација на поаѓање и враѓање

Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)

Време на поаѓање

Скопје- 01:00  Куманово – 01:30

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања со појадок и вечера (шведска маса) во х. Агапе 3* во Златибор
  • автобуски превоз на релација Скопје-Златибор и обратно
  • бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
  • користење на спа центарот во хотелот( базен,сауна,парно купатило,солена соба)
  • организација на патувањето

Во цената не вклучено:

  • Во цената не е вклучена туристичка такса која изнесува 150 ден од ден по лице.
  • Факултативен пакет на 08.03.2025 Посета на Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогојно и Стопиќа Пештера со вклучени влезници и локални водичи - 15 евра
  • Факултативна вечера во ресторан со музика -25 евра

ТЕРМИН:

  • 07.03-09.03.2025(петок-недела) 2 ноќевања со појадок и вечера,со вклучен превоз - 8690 ден (140 евра)
Хотел Агапе 3* - Златибор

Се наоѓа на многу добра локација.

На самиот влез во туристичкото место од десната страна на патот, веднаш по минувањето на кружниот тек до маркетот Лидл.  За само десет минути лесно пешачење на 500 метри, се стигнува до препознатливото Златиборско езеро и центарот на селото.

Wellness & SPA центарот во  хотел  ви овозможува целосно да ја завршите вашата планинска релаксација. На располагање ви е солена соба, финска сауна, базен со џакузи, тепидариуми, кади за масажа на стапала „Kneipp“ и простории за масажа.

Итенирер

прв ден 07.03.2025Скопје- Златибор

Состанок со групата во 01.00 час, поаѓање од Скопје, 00.30 час. – Куманово.

Се патува преку граничен премин Табановце,   со лична карта , со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Златибор во предпладневните часови. Сместување во хотелот,вечера,ноќевање.

Втор ден 08.03.2025Златибор- Сирогојно-Стопиќа пештера-Златибор

Појадок. После појадокот факултативна посета на Сирогојно– посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет, после посетата на Сирогојно се упатуваме кон Стопиќа Пештера – една од најпознатите пештери во Србија, таа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влез на отворот кој е широк 35 метри и висок 18 метри. Во попладневните  часови враќање во Златибор . Вечера. Ноќевање. 

Факултативна 8мо мартовска прослава во ресторан со музика -за патниците кој што ќе одлучат за прослава.

Трет ден 09.03.2025Златибор - Скопје

Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и во договорено време поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

Галерија