Скопје- 06:00 Куманово – 06:30
Добредојдовте во реновираниот хотел и спа центар Богутовачка Бања, кој се наоѓа во мирна средина во близина на Краљева. Овој модерен хотел нуди врвни медицински услуги и удобни соби и апартмани со сите потребни содржини. Нашиот лекар и терапевт обезбедуваат персонализирани терапии базирани на лековита вода за да ви овозможат најдобро искуство за закрепнување и релаксација.
Уживајте во разни активности што ги подготвивме за вас, од прошетки во прекрасни природни пејзажи, до спортски активности и релаксирачко време во базените. Доживејте го совршеното патување што ќе ви го даде мирот и релаксацијата што ги заслужувате.
Состанок со групата во 05.45 час, поаѓање од Скопје во 06:00 час, 06.30 час. – Куманово.
Се патува преку граничен премин Табановце, со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Пристигнување во Богутовачка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Moжност за факултативна посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија. Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и одмор, можност за користење вклучени во цената. Вечера. Ноќевање.
Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и 12 часот поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови