Банско e рекреативен скијачки центар во Пирин, ситуиран на надморска височина од 925 м. Располага со 17 скијачки патеки (должина 75 км) и 27 ски-лифтови. Наjвисоката точка на ски-центарот е 2560 м, а наjниската – 1000 м.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ), Куманово – Макпетрол Бензиска, Крива Паланка- Макпетрол Бензиска
Скопје – Куманово -К.Паланка – ГП Деве Баир – Банско и обратно
Скопје – 7:00 , Куманово 7:30 , К.Паланка 8:30
Хотелот Orphey е луксузен хотел со четири ѕвездички чија единствена локација привлекува голем број на туристи во текот на целата година. Се наоѓа во тивок и пријатен дел на Банско, на само 5 минути од центарот и на 2 километри од првата станица на гондолата.
Хотелот нуди совршени услови за престој на семејства со деца, индивидуални посети како и групи. Хотелот нуди одлични услови за скијачите и сноубордерите како и за љубители на убаво време, забавни и убавината и свежиот воздух на Пирин. Располага со капацитети за организирање на конференции, семејни настани, прослави исл. Хотелот располага со двокреветни соби, луксузни двокреветни соби, фамилијарни соби и апартмани. сите луксузно уредени и опремени со сателитска телевизија, телефон, минибар, фен и балкон.
Состанок со групата во 6:45 часот на Дрводекор. Поаѓање за Банско во 7:00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир со попатни паузи заради одмор и царински формалности. Пристигнување во Банско околу 13:00 часот по локално време. Сместување во хотел. Слободно време за прошетка или користење на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки низ градот или користење на СПА центарот на хотелот. Вечера со жива музика во меаната на хотелот. Ноќевање
Појадок. По појадокот можност за користење на СПА центарот на хотелот. Во 12:00 часот, одјавување од хотелот. Поаѓање за Скопје во 14:00 часот. Пристигнување во Скопје околу 19:00 часот.