Сандански е град и рекреативен центар во југозападна Р.Бугарија, дел од провинцијата Благоевград. Именуван по револуционерот Јане Сандански.
Се наоѓа во Санданско-Петричката долина во подножјето на планината Пирин, покрај бреговите на реката Санданска Бистрица.Едно од најпосетените мали туристички места во Р.Бугарија
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ), Штип,Струмица
Скопје – 07:30 часот, Штип – 09:00, Струмица – 10:00
од Сандански во 12:00 часот по локално време
Керемидчиева Кушта се наоѓа во центарот на Сандански. Нуди климатизирани соби со балкони, бесплатен WiFi и бесплатен паркинг. Сите соби се опремени во бугарски традиционален стил и се опремени со кабловска телевизија и мини-бар. На лице место има и традиционален бугарски ресторан со најразлични домашни и интернационални јадења.
Поаѓање од Скопје во 07:30 часот на Дрводекор. Се патува преку граничен премин Ново Село со попатни паузи.Пристигнување во Сандански и сместување во хотел Керамитчиева Кашта. Слободно попладне и можност за индивидуални прошетки. Ноќевање.
Појадок. По појадокот факултативна посета на градот Мелник и Винариите. Враќање во хотел. Вечерта свечена вечера со жива музика во меаната на хотелот. Ноќевање.
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Скопје со попатна посета на Рупите на Баба Ванѓа и црквата на Баба Ванѓа. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.