ИСТАНБУЛ – Градот на два контитенти, кој претставува спој на традицијата и модерното.Препознатлив по турската кујна, со уникатни рецепти како сендвич со риба, локум, баклава и најпознатото турско кафе. .Градот кој никогаш не спие – улици полни со луѓе, ресторани, продавници.
Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)
Скопје- 16:30 Куманово – 17:00 Крива Паланка – 17:45
Хотелот „Истанбул Ривер“ е пионер на новиот концепт за сместување во Истанбул населбата Лалели, во главното срце на стариот градски центар наречен Историски полуостров, каде што се наоѓаат сите познати историски споменици, како што се Аја Софија, Сината џамија, Големата чаршија, Топкапи палатата и многу други места. Плоштадот Таксим, Ортаќој, Нишанташи и други места што можете да ги посетите и видите, можете безбедно да патувате секој ден со возилата за јавен превоз околу нашиот хотел.
Прв ден : 05.03 ( четврток )
Состанок на групата во 16:00ч на Дрво Декор и сместување на багажот.Поаѓање за Истанбул во 16:30ч.
Ноќно возење со транзит преку Р.Бугарија, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден: 06.03 ( петок )
Пристигнување во Истанбул во утринските часови.Групата се упатува кон хотелот со својот багаж, каде истиот се остава во просторија за чување на багаж.
Во зависност од расположливоста на собите во хотелот, доколку има слободни соби сместувањето е веднаш.Доколку нема, според правилата сместувањето во собите е после 14часот.
НАПОМЕНА:
Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се започнува со турата, со цел да не се пропуштат локалитетите.
Групата заедно со туристичкиот водич во договорено време се чека на рецепција на хотелот и го започнува своето патување, односно се упатува на пешачката тура, која вклучува посета на Султанахмед Плоштадот, Хиподромот, Аја Софија, Сината Џамија и Капали Чаршија.
Враќањето во хотелот е индивидуално, бидејќи Капали Чаршија се наоѓа 20 минути пеш од хотелот, а секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарење
Вечерта ја завршуваме со 3- часовно ноќно крстарење кое вклучува забавна програма со традиционални турски танци, танчерки,ДЈ.
Тука ќе имате можност да ја доживеете најубавата ноќна панорама на Истанбул, која
долго време ќе ви буди најубави спомени.
Вечерата вклучува:предјадење, главно јадење, десерт, неограничени безалкохолни пијалоци. Цена 45 евра по лице.- ПРЕПОРАКА !
Трет ден: 07.03 ( сабота )
Појадок. Денот го започнуваме со посета на најживопистната населбата БАЛАТ,позната по шарените куќи и сокачиња, која важи за една од христијанските населби во Истанбул, полна со многу цркви,каде се наоѓа и Вселенската Патријашија.
Групата има слободно време околу час и половина за прошетка и турско кафе( варено на песок ) низ шарените улички на Балат.
Потоа следува 90 –минутно крстарење низ Босфор, еден поинаков Истанбул.Ќе имате можност да ги видите сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимени многу сцени од туските серии.
По крстарењето се упатуваме кон панорамски разглед на европски и азиски Истанбул.Ова е автобуска екскурзија каде преминувањето преку мостот преставува неверојатно доживување.
Патувањето го продолжуваме кон најголемата чамија Чамлиџа, која е изградена 2019 година од страна на претседателот Ердоган. Самата џамија се наоѓа на највисокото брдо во Истанбул, каде што ќе го почуствувате најубавиот поглед , кој ќе ве остави без здив.Тука може да ги направите најубавите фотографии, кои долго време ќе ви останат во сеќавање.
Се уплатуваме кон посета на областа Кадиќој, која важи за живописен квартал во азискиот дел. Тука може да прошетате по шарените улици, раздвижени пазари, кафулиња, продавници, каде што може да пробате одлични баклави, десерти и турско кафе. Слободно време од 2 часа.
Денот го завршуваме со посета на продавницата за слатки работи. Тука може да ги купите најтрадиционалните турски локуми,баклави,бадеми, лешници,турско кафе или чај Се упатуваме кон хотел.
Четврт ден:08.03 ( недела )
Појадок. Одјавување од хотел.
Турата ја завршуваме со посета на познатиот трговскиот центар,, ФОРУM,,. Слободно време околу 3 часа за кафе и шопинг, каде што ги има сите трговски марки.
Поаѓање кон Р.Македонија.