+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

Mај во Сараево – Мостар – Вишеград – (30.04.-03.05.2024) и (23.05-26.05.2024)

Мај во Сараево-Мостар-Вишеград
Од7.900 ден
Резервирај
Барање
Име*
Е-маил адреса*
Вашето барање*
* Се согласувам со Услови за користење и Политика за приватност.
Ве молиме, согласете се со сите услови пред да продолжите на следниот чекор
Изберете ги сите потребни полиња за да продолжите на следниот чекор.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

6283

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • 02/3228-603
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
2 ноќевања/4дена
Достапност: 30.04.-03.05.2024 и 23.04-26.04.2024
Скопје
Сараево
Детали

Сараево— главен град на Босна и Херцеговина и нејзин најголем урбан, културен, економски и транспортен центар. Градот Сараево се состои од четири општини: Центар, Нови Град, Ново Сараево и Стари Град. 

Поради својата долга и богата историја на верска и културна разновидност, Сараево, понекогаш се нарекува „Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот. До крајот на XX век, градот бил единствениот голем град во кој имало изградено синагога, православна црква, католичка црква и џамија во иста населба.

Низ градот тече реката Миљацка, а во близина на градот се наоѓаат и изворите на реката Босна, каде се наоѓа популарното излетничко место Вруток на Босна ( Врело Босне). Градот е опкружен од Требевиќ, Јахорина, Бјелашница, Игман, Трескавица и Романија.

Локација на поаѓање и враќање

Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ) – Куманово – Макпетрол Бензиска

Време на поаѓање

22:00 часот од Скопје

22:30 часот од Куманово

Време на Враќање

Ноќните  часови на 03.05.2024 и 26.05.2024

Во цената е вклучено

  • Превоз на наведената релација со туристички автобус
  • Сместување во хотел Exclusive 4* во Сараево на база 2 ноќевања со појадок и вечера
  • Разглед на Сараево со локален водич
  • Организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Се што е надвор од програмата
  • доплата за еднокреветна соба 2000 ден

Задолжителна доплата

  • Туристичка такса
  • крстарење со бродче по Дрина
  • целодневна посета на Мостар
  • вкупен пакет 30 евра по лице
Итинерер

1 ДенСкопје- Сараево

Поаѓање за Сараево во 22:00 часот преку граничниот премин Табановце па низ Србија со попатни паузи.

2 ДенСараево

Во утринските часови пристигнување во Сараево. Не пречекува локален водич и  одиме на  разгледување на градот : Народниот театар, Градското Собрание, Башчаршија (со можност за дегустација на познатиот Сараевски кебап), Којунџилук, Еврејскиот Храм Величенстевната Газихусербегова Џамија, Катедралата…Слободно време за кафе,ручек и други активности. Во договорено време заминување за хотел и  сместување. Вечера. Ноќевање.

3 ДенСараево - Мостар - Сараево

Појадок. Организиран  излет до Мостар со попатна посета на Мостот на Неретва – познат од Втората Светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Во попладневните часови враќање во Сараево. Вечера. Ноќевање.

4 ДенСараево - Вишеград - Скопје

Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” – повторно дело на Емир Костурица – како би требало да изгледа средновековен Вишеград.Крстарење со бродче по Дрина, како и кафе пауза. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи. 

5 ДенСкопје

Пристигнување во Скопје, во касните  часови.

Мапа

Галерија