+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
+38923228603 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

СОКО БАЊА-СРБИЈА (10.11-12.11.2023)

0
Викенд во Соко Бања
Од6.300 ден
Ова патување во моментов не е достапно.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

3744

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • 02/3228-603
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
2 ноќевања/ 3 дена
Достапност: 10.11-12.11.2023
Скопје
Соко Бања
Детали
Соко Бања се наоѓа во источинот дел на Србија, на оддалеченост од 260 km од Скопје, a на самиот влез ќе наидете на паролата „Сокобања, Соко град, дођеш стар, одеш млад“. Соко Бања се наоѓа во долината на реката Моравица, помеѓу планините Озрен и Ртањ, на 400 m надморска височина. Бањата постои уште од римско време, а на темелите на римските бањи, Турците го подигнале својот амам, што претставува најстар објект за лекување во оваа бања.

Локација на поаѓање и враќање

Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)

Време на поаѓање

Скопје- 07:00  Куманово – 07:30

Во цената е вклучено:

  • 2 ноќевања и 2 полни пансиони(доручек,ручек и вечера) во х.Бањица 3* во Соко бања
  • автобуски превоз на релација Скопје-Соко бања и обратно
  • бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
  • организација на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка така 100 ден од ден по лице
  • влезници за локалитетите

ТЕРМИН:

  • 10.11-12.11.2023(Петок-Недела) 2 ноќевања со 2 полни пансиони и вклучен превоз - 6300 ден
Хотел Бањица 3“-Соко Бања

Сокобања е туристичко место кое се наоѓа во југоисточна Србија во подножјето на Озрен планина. Самата бања е опкружена од 4 планини – од север планина Ртани на 1560m н.височина, на исток се наоѓа планината Девица, на југ планината Озрен на 1117m н.височина и од запад планината Буковик. Низ Соко Бања поминува реката Моравица од која што е и создадено вештачкото Бованско езеро. Заради идеалната умерено-континентална надморска височина од 400m на која се наоѓа, Сокобања е идеална за лекување на хронични болести, астма и сл.
Природни и лековити фактори во Сокобања се термоминералните извори со температура на вода од 28°C (Banjica) до 45,5°C (Park) kako и чистиот воздух. Спортско-рекреативни содржини во Соко Бања се неколкуте базени со термални води, фитнес сали, терени за тенис и фудбал.

    Итенирер

    Прв ден 10.11.2023 - петок

    Поаѓање во 07.00 часот од Дрводекор. Патување кон  Р. Србија преку граничен премин Табановце. Пристигнување во претпладневните часови. Сместување во хотел Бањица 3*.Прошетка низ поширокиот центар на Соко бања (Милошев конак, турско купатило..). Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање. 

    Втор ден11.11.2023

    Појадок. После појадокот, заминуваме на пешачки излет до Лептерија и Сокоград. Враќање во хотел. Ручек. Слободено попладне за одмор или релаксација во џакузито на хотелот или пак индивидуална посета на Велнес и Спа центарот-Соко Терме. Спа центарот располага со три базени (два се внатрешни и еден надворешен базен). Базените се со термална минерална вода, со температура од 30℃ до 36℃. Вечера. Ноќевање.

    Трет ден12.10.2023

    Појадок. По појадокот ,  се напуштаат собите,слободно време . Ручек и во во договорено време поаѓање за Скопје со попатни  паузи. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

    Мапа
    Галерија