078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

Шпанија во јуни: сонце, сангрија и сиеста! 09.06-20.06.2026 година

0
Шпанија 09.06-20.06.2026 година
Од43.340 ден
Ова патување во моментов не е достапно.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

185

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • +38978421295
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
12 дена/8 ноќевања
Достапност: 09.06-20.06.2026 година
Скопје
Лорет де Мар-Шпанија
Max People : 10
Опис

Шпанија – место створено за забава и незаборавни моменти!

Возбудени сме што можеме да ви понудиме незаборавен летен одмор, каде што ќе
имате можност да посетите повеќе од 10 европски градови и да ја истражите нивната
историја, култура и познати знаменитости. Од раздвижените улици на Монте Карло до
шармантните канали на Венеција – ќе уживате во некои од најубавите и највпечатливи
места во Европа.
Ако првпат патувате во Шпанија и се приклучувате на оваа наша авантура, со сигурност
ви ветуваме незаборавни две недели. Иако најголемата грижа обично е долгото
автобуско патување, нашиот водич, искусните возачи, бројните попатни паузи и
посетите на прекрасни локации ќе направат патувањето да биде вистинско уживање.
Земјата на Сангријата, коридата, фудбалот и егзотичната убавина – Шпанија ве очекува.
Не ја пропуштајте оваа неверојатна можност да создадете спомени што ќе траат цел
живот. Придружете ни се и доживејте го најдоброто лето досега!

Хотел Guitart Central Park Aqua Resort
Специјално дизајниран за семејни одмори, хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4*,
сместено до плажата Феналс, во идеално опкружување помеѓу морето и планините.
Хотелот Guitart Central Park Aqua Resort 4* се наоѓа во срцето на Лорет де Мар,
крајбрежен град на Коста Брава — туристичка област која успеала да ја задржи својата
традиција и прекрасни предели, истовремено развивајќи одржлив и висококвалитетен
туризам. Околината на Лорет де Мар нуди природни пејсажи, прекрасни плажи и
рајски ували што вреди да се откријат.

На Коста Брава, само неколку метри од прекрасната плажа на Лорет де Мар и замокот
Сант Жоан, се наоѓа Hotel Guitart Central Park Aqua Resort, кој ги нуди сите удобности за
незаборавен семеен одмор: воден парк, 3 базени, 3 ресторани, 8 барови и целосна
програма на анимација за млади и возрасни.
Уживајте во шармот на Лорет де Мар во уникатен хотел со воден парк со тобогани, спа-
центар, барови, ресторани и богата програма за забава која ќе ви го обезбеди целиот
потребен уживање за вашите семејни празници.
Хотелот располага со различни типови сместување дизајнирани така што семејствата
да можат да уживаат во одмор од соништата со најдобрите услуги при рака — од
удобни двокреветни поврзани соби до фамилијарни соби со капацитет за двајца
возрасни и три деца.

 

Дата на поаќање

09.06.2026

Место и време на поаѓање

Скопје во 14.00 ч.

Во цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус (ТВ, клима)
  • 1 ноќевање со појадок во регионот на Лидо ди Јесоло
  • 6 полу пансиони (појадок и вечера – шведска маса) во Лорет де Мар во дво и трокреветни соби
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Франција – Кан / Ница во хотел со 2/3*)
  • Бесплатна посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло
  • Организација на патувањето и водич

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба = 45 еур по лице / на ден
  • Задолжителна туристичка такса во Италија, Франција = 10 еур (Се уплаќа во агенција)
  • Туристичка такса во Шпанија се плаќа на рецепција (Околу 1,5 еур ден се плаќа на рецепција во хотел)
  • Задолжителнен пакет на факултативи- Посета на Кан, Ница, Верона, Монако и Монте Карло -45 евра евра - Факултативни екскурзии според програмата - Се она што не е наведено во програмата
  • Факултативни излети: Посета на Венеција со Брод - 30€ по лице Барселона Панорамика - 65€ по лице Аквариум Барселона - 35€ по лице Фламенго Вечер - 50€ по лице

Факултативни излети:

  • Посета на Венеција со Брод - 30€ по лице Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови (околу 10.00) Почеток на турата со посета на: Мостот на воздишките, плоштадот Св.Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, прекрасните мали канали како и големиот канал кој ја дели Венеција на 2 делови. Можност за индивидуално слободно време за прошетки, возење со гондола, посета на продавници и сл.
  • Барселона Панорамика - 65€ по лице Целодневен разглед на Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Слободно време за шопинг и индивидуални активности во центарот на градот (Estacio de Franca)
  • Аквариум Барселона - 35€ по лице Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
  • Фламенго Вечер - 50€ по лице Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
Итенирере

09.06.2026Скопје

Поаѓање од Скопје во попладневните часови.
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.

10.06.2026Венеција-Венето

Пристигнување во утринските часови на пристаништето Пунто Сабиони и
започнување со првата факултативна екскурзија во Венеција.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање

11.06.2026Верона

Појадок и поаѓање кон Верона
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење

12.06.2026Лорет Де Мар

Пристигнување во хотел во Лорет де Мар и сместување во хотел со 3*
на едно од најтренди места на Коста Брава на само 70 км од Барселона. Големи песочни плажи, забава за млади и уживање во локалните ресторани. Град во кој без разлика на возраста секој има каде да се пронајде.
Во хотелот имаме 2 оброци (појадок и вечера) – Шведска маса.- во рамки на е вклучено вино и вода 

12.06.2026 - 18.06.2026Лорет Де Мар

Престој во Лорет де Мар- Хотел Guitart Central Park Aqua Resort

18.06.2026Кан и Ница

После појадок поаѓање кон Кан и Ница. Сместување во хотел во Кан / Ница
со 2/3*
– Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал,
прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со
посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и
луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните,
јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.

19.06.2026Ница-Скопје

Појадок и одјавување од хотел
Поаѓање кон Скопје.

20.06.2026Скопје

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови

Галерија