Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ), Куманово – Макпетрол Бензиска, Крива Паланка- Макпетрол Бензиска
Скопје – 07:00 часот, Куманово – 7:30, Крива Паланка – 8:30
Хотел Орес е мал 5-ѕвезден бутик хотел во Банско, кој комбинира дизајн од топли земјени бои и гостопримлив дух. Се наоѓа во омилениот дел од градот за скијачите, на само две минути пешачење од жичарницата и на пешачко растојание од шопинг-улица, центарот и најпопуларните таверни во градот. Хотелот се одликува со својот модерен стил, нудејќи им на своите гости поинакво чувство и единствена атмосфера.
5**** бутик хотелот „Орес“, Банско, располага со 54 удобни соби, кои се одликуваат со смели бои и индивидуален стил на мебел, ресторан и зимска градина, лоби бар, витамински бар, детско катче, фитнес и зона за релаксација, биолошки базен со соли од Мртвото Море, ски гардеробер и бесплатен Wi-Fi низ целиот комплекс.
На ваше располагање се:
сауна
турска бања – амам
ароматерапија
релакс серија
неколку соби за разни масажи и терапии
бутик хотелот „Орес“ нуди БИО базен со температура на водата од 33 степени и висока соленост, бидејќи во водата се додаваат соли од Мртвото Море, кои помагаат во регенерацијата на кожата и ја прават повитална и еластична.
1 Ден:
Состанок со групата во 6:45 часот на Дрводекор. Поаѓање за Банско во 7:00 часот. Се патува преку граничен премин Деве Баир со попатни паузи заради одмор и царински формалности.Пристигнување во Банско околу 13:00 часот по локално време.
2 ден
Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки, рекреација или користење на СПА центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање
Последен ден:
Појадок. Поаѓање за Скопје во 14:00 часот по локално време од пред хотел Орес-Банско. Пристигнување во Скопје околу 19:00 часот.