078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

Продолжен викенд во Паралиа термин по избор (23.05 – 25.05.2026 или 29.05-31.05.2026)! 2 ноќевања со појадок ,хотели по избор + автобуски превоз

0
Викенд во Паралиа 23.05-25.05.2026 или 29.05-31.05.2026
Од7.990 ден
23/05/2026
Достапни: 6 места
Изберете ги сите потребни полиња за да продолжите на следниот чекор.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

211

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • +38978421295
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
2 ноќевања/ 3 дена
Достапност: 23.05-25.05.2026 или 29.05-31.05.2026
Скопје
Паралиа
Паралиа

Паралија се наоѓа во подножјето на планината Олимп, во регијата Пиериа, на оклу 70 километри одалеченост од Солун и околу 6 километро од градот Катерини, главниот град на Олимписката регија. Паралија со години е многу популарно туристичко летувалиште, како заради преубавите песочни плажи  со ситен бел песок, така и заради богатата содржина која ја нуди. Морето е чисто, топло и е погодно за фамилии со мали деца. Плажата во Паралија е долга 3 километри и се протега се до Олимпик Бич.

Локација на поаѓање и враќање

Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ) 

Време на поаѓање

06:00 часот од Дрво Декор

Враќање од Паралиа  во 17 :00 по локално време

Термин

Деца

  • Термин по избор 23.05-25.05.2026 или 29.05-31.05.2026
  • Деца 2-5,99 години со двајца родители плаќаат 4700 денари за превоз и дополнителен кревет Деца 6-11,99 години со двајца родители плаќаат 5500 денари и спијат на дополнително легло

Во цената е вклучено

  • 2 ноќевања на база ноќевање со појадок во хотел Europe / Kymata / Ilion
  • Автобуски превоз на наведената релација

Во цената не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Такса од 5 евро по соба на ден.
хотел Europe / Kymata / Ilion

Хотел Европа Во подножјето на митската планина Олимп, во центарот на Паралија Катеринис, се наоѓа хотел Европа. Добро одржуван хотел со над 40 години традиција во туризмот, останува еден од најдобрите хотели во Паралија. Во прекрасното кафе-бистро на хотелот, гостите и посетителите можат да уживаат во разновидни кафиња, сладоледи, сокови, грчки вина и долги пијалоци. – 200м од плажа

Хотел Кимата e хотел како ваша следна дестинација за незаборавен престој на плажа во Паралија Катеринис. Еве зошто ќе го обожавате Хотел Кимата: Блаженство на плажа: Замислете да се будите со смирувачките звуци на морето веднаш пред вашиот прозорец во Хотел Кимата, можете да го доживеете токму тоа, со директен пристап до плажата за бескрајна релаксација. И не пропуштајте го нашиот бар на плажа, кој служи освежителни пијалоци и вкусни бистро закуски.-на плажа

Хотел Илион, на централната точка на Паралија, на само 20 метри од морето, се наоѓа хотел Илион. Сосема нов во неокласична линија ви нуди  соби опремени со сè што е потребно за да го направите вашиот престој удобен и пријатен. На приземјето уживајте во богат појадок на шведска маса и уживајте во моменти на релаксација додека пиете кафе или пијалок во кафе-барот 24 часа на ден.

Итенирер

1 ДенСкопје - Паралија

Состанок со групата во 05:45 часот на Дрводекор. Во 06:00 часот поаѓање за Паралија со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Паралија. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање

2 ДенПаралија

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, прошетка, пплажа…. Ноќевање

3 ДенПаралија-Скопје

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Во 17:00 часот по локално време заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

Галерија