078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com
078/421-297 | 078/421-295 biserprom.mk@gmail.com

ВЕЛИГДЕН ВО ЗЛАТИБОР -СРБИЈА 10.04-13.04.2026

0
Велигден во Златибор-Србија
Од13.600 ден
Ова патување во моментов не е достапно.

Резервирај

Додади во омилени

За да додадете во омилени потребно е да имате кориснички профил

65

Зошто да патувате со нас?

  • Најповолни цени
  • Одлична услуга
  • Интересни дестинации
  • 30 годишно искуство

Имате прашање?

  • +38978421295
  • biserprom.mk@gmail.com
  • biserprom.mk@gmail.com
Достапност: 3 ноќевања/ 4 дена
Скопје/Куманово
Златибор
ДЕТАЛИ

Златибор  е планински регион сместен во западниот дел на Србија.

Меѓу најпопуларните места во Србија за туризам, главните атракции на Златибор вклучуваат здравствен туризам, скијање и пешачење и најдолгиот панорамски лифт со гондола во светот.Во околината се наоѓа ски-центарот Торник

 Сирогојно етно-село, Музејот на отворено „Старо село“ е збирка на Златиборски куќи и придружни дрвени градби, собрани од сите страни на Златибор.

Познати се и плетачите на Сирогојна, чии волнени џемпери од овци се продаваат во Европа, а во нивна чест во 2008 година е отворен Музејот на плетачите. 

Пештерата Стопица е една од најпознатите пештери во Србија. Се наоѓа помеѓу селата Трнава и Рожанство, на околу 250 километри од Белград, 30 километри од Ужице и 19 километри од регионалниот пат Ужице-Јадранско Море, во областа Златибор. Над пештерата поминува патот Ужице-Сирогојно.

Пештерата Стопица е речна пештера, бидејќи низ неа тече потокот Трнава. Пештерата има импресивен влезен отвор широк 35 метри и висок 18 метри. 

Локација на поаѓање и враѓање

Скопје-Дрво Декор(Ул Кеј 13 ти Ноември ББ)

Време на поаѓање

Скопје- 04:00  Куманово – 04:30

Во цената е вклучено:

  • 3 ноќевања со појадок и вечера (шведска маса) во х. Ирис 4* во Златибор
  • автобуски превоз на релација Скопје-Златибор и обратно
  • бесплатно WI-FI во рамките на целиот хотел
  • користење на спа центарот во хотелот( базен,сауна,парно купатило,солена соба)
  • организација на патувањето

Во цената не вклучено:

  • Во цената не е вклучена туристичка такса која изнесува 150 ден од ден по лице.
  • Факултативен пакет на 11.04.2026 Посета на Музејот на отворено “ Старо село “ – Сирогојно и Стопиќа Пештера со вклучени влезници и локални водичи - 15 евра
  • Услови за деца: 0-6,99 = 3600 ден 7-11,99 = 9500 ден

ТЕРМИН:

  • 10.04-13.04.2026(петок-понеделник) 3 ноќевања со појадок и вечера,со вклучен превоз - 13600 ден (220 евра)
Хотел Ирис 4* - Златибор

Хотелот Ирис се наоѓа на само 8 км од жичарницата Торник во Златибору, во срцето на планините и опкружен со прекрасна борова шума. Овој уникатен хотел во модерен планински стил нуди сите погодности што ви се потребни за незаборавен престој – од одмор и релаксација до активности и забава. Гостите можат бесплатно да го користат велнес и спа центарот, кој вклучува затворен базен, финска сауна и сауна, како и фитнес центар. Достапни се ресторан со летна градина и фонтана со поток, бар, бесплатен WiFi и приватен паркинг. Хотелот има и конференциска сала, 24-часовна рецепција и бесплатен простор за складирање на скијачка опрема.

Итенирер

Прв ден10.04.2026Скопје-Златибор

Состанок со групата во 03.45 час, поаѓање од Скопје во 04:00 час, 04.30 час. – Куманово.

Се патува преку граничен премин Табановце, со лична карта, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Пристигнување во Златибор во предпладневните часови. Сместување во хотелот, вечера, ноќевање.

Втор ден 11.04.2026Златибор- Сирогојно-Стопиќа пештера-Златибор

Појадок. После појадокот факултативна посета на Сирогојно– посета на музејот на отворено “ Старо село “ и специјаната продавница за џемпери, по кои Сирогојно е познато по целиот свет, после посетата на Сирогојно се упатуваме кон Стопиќа Пештера – една од најпознатите пештери во Србија, таа е речна пештера, бидејќи низ неа протекува Трнавски Поток. Пештерата има импресивен влез на отворот кој е широк 35 метри и висок 18 метри. Во попладневните  часови враќање во Златибор. Вечера. Ноќевање. 

 

Трет ден 12.04.2026Златибор

Појадок.Слободен за одмор,рекреација во базен и прошетка низ Златибор.Вечера.Ноќевање

Четврти ден 13.04.2026Златибор-Скопје

Појадок. После појадокот слободно време за рекреација и индивидуални активности и во 12:00  поаќање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови

Галерија