Ханиоти — познато туристичко место на Касандра , лоцирано во источниот дел на првиот крак на Халкидики, Република Грција. Се наоѓа на 89 километри оддалеченост од Солун, 3 км од Пефкохори, 4 км од Полихроно. Едно е од најпосетуваните места за туристите кои летуваат во Грција.
На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот.
Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Целата шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.
Скопје- Дрводекор (ул.Кеј 13-ти Ноември ББ)
06:00 часот
16:00 часот по грчко време-Пефкохори
16:20 часот по грчко време -Ханиоти
Calypso е семеен хотел кој се наоѓа на само 300 метри од песочна плажа на Ханиоти во Халкидики. Хотелот располага со базен и ресторан во кој се служи медитеранска кујна.
Сите соби во Calypso Хотел се опремени со клима, сателитска ТВ и фрижидер. Секоја соба има балкон со поглед кон селото.
На барот покрај базенот гостите можат да уживаат во сендвичи и кафе во текот на денот. Во вечерните часови, главниот lounge бар служи пијалоци во пријатна атмосфера и релаксирачка музика.
Различни спортски терени се на само 3 минути пешачење. Центарот на Ханиоти е са само 100 метри од хотелот и има продавници и барови.
Ammon Garden е сместен на само неколку чекори од морето во шармантното село Пефкохори, хотелот го спојува медитеранскиот стил со пријатна, пријателска атмосфера. Гостите можат да се релаксираат во нашата прекрасна градина, да се капат во базенот или да уживаат во лесни оброци и освежителни пијалоци во снек-барот.
Состанок со групата во 05:45 часот на Дрводекор. Во 06:00 часот поаѓање за Ханиоти/Пефкохори со попатни паузи заради одмор и гранични формалности. Пристигнување во Ханиоти/Пефкохори. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, прошетка, пплажа…. Ноќевање
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности. Во 16:00 часот по локално време заминување за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.